Голем успех на Дан кју на „Марибор опен“, освои пет медали

Голем успех на на натпреварувачите на Дан кју на големиот Меѓународен џиу џицу  турнир „Марибор опен“, Словенија, освоија 5 медали – 1 златен, 3 сребрени и 1 бронзен во конкуренција на 400 учесници од 13 држави.

Првиот натпреварувачки ден Марија Треневска (-63 кг, У-16) и Катерина Ацевска (+70 кг, У-21 +70) се закитија со сребрени медали.

Вториот натпреварувачки ден, односно денес, Катерина Ацевска во сениорска конкуренција го освои најсјаниот медал, златниот, победувајќи ги натпреварувачките од Словенија и Австрија.

Јаким Колевски (-66 кг, У-18) освои сребро, а Зоран Колевски (-55 кг, У-18) бронза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON