Поранешниот американски боксер и светски шампион Ридик Боу верува дека Aлександaр Усик може да ги задржи титулите во тешка категорија во реваншот против Тајсон Фјури, кој е закажан за декември во Саудиска Арабија.
Сребрениот медалист на Олимпијадата во Сеул во супертешка категорија знае што е потребно за еден борец да стигне до тронот, и да остане таму некое време.
Боу загуби од Ленокс Луис во финалето на Игрите во Јужна Кореја во 1988 година, по што започна неверојатна серија на победи што го однесе на врвот во тешка категорија.
Кон средината на мај Александр Усик со поделена одлука го победи Тајсон Фјури во мечот за апсолутен шампион во кралската дивизија, а двајцата ќе имаат реванш на 21 декември.
Фјури е уверен дека за возврат ќе го совлада Украинецот, но Боу не би се согласил баш со тоа…
„Фјури веќе го нема, тешко може да направи нешто“, рекол Ридик Боу, а потоа додал:
„Претходно имаше повеќе шанси, но повеќе не. Променет е, не може да издржи удар како порано. Знам и за себе, доаѓа момент кога ќе се измориш од тоа и не сакаш повеќе да те удираат“.
Ридик Боу (43-1, 1 НЦ) се бореше со многу познати борци во текот на неговата професионална кариера, а особено е значајна неговата трилогија против Ивандер Холифилд, кого двапати го доби и еднаш го загуби.