Гохан Саки: Во УФЦ не дојдов да бидам број два, единствено ме интересира доаѓањето на врвот

Гохан Саки повторно е со лесен тренинг. Шест месеци по успешното деби во УФЦ, 34-годишниот турски борец отворено размислува за тоа што треба да следи во боречката кариера.

Што се однесува до УФЦ, Саки од почеток зборуваше дека не дошол да биде само минувач или некој што дошол да заработи пари за сметка на своето име. Тој од почеток зборуваше дека сака да биде шампион во УФЦ и оти верува дека ги има потребните квалитети за тоа. Тоа уште еднаш го повтори:

„Ситуацијата околу мене е многу едноставна. Јас сум конкурентен спортист и сум тука да се докажам против најдобрите. И верувам дека сум најдобар. Не можам да мислам дека ќе ме задоволи нешто освен бројот 1, не ми е во крвта да завршувам втор. Вториот никој не го памети, а јас сум тука за да останам запаметен. Сакам да бидам тип кој дошол, видел и растурил. Ако нема пречки, како што беше ова со коленото, на врвот се гледам за една година. Доколку ме прашате како ќе ги остварам тие победи, тоа сега не можам да ви го кажам, но знам дека нема да загубам“.

Саки сè уште не е член на ни една елитна ММА сала,л која би му помогнала да се подготви. Не е исклучено за идната борба да се упати во некоја, но засега сè уште е во фаза на откривање на она што најдобро му одговара.

„Јас сум како Марко Поло, патувам и истражувам. Тренирав во Дубаи, Шведска, Холандија, Турција, Мајами, Лос Анџелес и Лас Вегас. Се обидувам да дојдам до најдоброто за мене и да најдам место каде што ќе се чувствувам како дома. Во моментов сум во Истанбул, Лас Вегас и Лос Анџелес. Но, секое место има свои предности и недостатоци. Единствено што Турција е во моето срце, но јас сум отворен за сите опции во врска за подготвителните кампови“.

Саки најверојатно ќе мора да се бори на еден од летните настани, а самиот изјави дека се подготвува да се бори на секои два или три месеци, освен ако не има повреда што би му го оневозможиле тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON