Гохан Саки доби противник за втората борба во УФЦ

По успешното деби за УФЦ во септември во Јапонија, Гохан Саки (1-1, 1-0 УФЦ) се враќа во октагонот кон крајот на годината.

33-годишниот Турчин на 30 декември во Лас Вегас ќе се сретне со Халил Раунтри (6-2, 2-2 УФЦ).

По поразите во првите две борби во УФЦ (од Ендрју Санчез со судиска одлука и од Педро Тајсон со сабмишн), 27-годишниот Американец го нокаутира Даниел Жоли и Пол Креиг.

Бунтовникот во дебито за УФЦ во првата рунда го нокаутира Хенрик да Силва.

На настанот во Вегас Карлос Кондит ќе се бори против Нил Магњи, а Доминик Круз против Џими Ривера.

https://youtu.be/MaNS8xKXnq8

https://youtu.be/vUo-apSn29w

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON