Гого Славески за втората професионална борба: Планот е да го нокаутирам во четвртата рунда!

Gogo so krenati race

Горјан –Гого Славески на 29 јануари ќе ја има втората професионална борба, кој во ноември во Чикаго, САД, во првиот меч славеше со нокаут против Ентони Морган.

Plakata za Gogo za 29 januari

„Противник требаше да ми биде мојот поранешен спаринг партнер, но тој се повлече и сег за сега не знам кој ќе ми биде противник. Сега ќе се борам во пониска категорија, односно во супер средна, каде што ќе бидам супериорен. Планот е да го малтретирам во првите три рунди а во четвртата да го нокуатирам. Ама, ќе видиме како ќе издржи“, изјави Гого за Ipon.mk.

 И оваа борба ќе биде во организација на Хитз боксинг и Фајт најт и ќе се одржи во Илиноис во Белведере.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON