Горјан – Гого Славески викендов, во сабота, по четврти пат ќе ги вкрсти ракавиците во БКФЦ, бокс без ракавици, сега против Русинот Евгени Курданов.
„Денес ми се јавија и прифатив (ова се однесува на вчерашниот ден-н.з.). Борбата е за 5 дена во Денвер, Колорадо, но овој пат во една категорија погоре, до 80 килограми“, изјави Славески за Ипон.мк и додаде:
„За него знам дека е 3-0 во бокс со голи раце во Русија. Очекувам да не ја помине втората рунда“.
Гого Славески додсега забележа три победи на три настапи во БКФЦ.
На 29-тото издание на БКФЦ го совлада Далас Дејвисон. Претходно успеа да слави и против Џастон Стилс и Рамал Аманов и засега е перфектен во шампионатот кој зазема се поголем замав во САД.