Горјан Славески-Гого извојува уште една победа во САД против Мајк Џојс во чест на ќерката на легендарниот Мухамед Али, Рашида.
„По повод свадбата на ќерката на Мухамед Али, Рашида Али, бевме избрани 6-мина најдобри боксери како „Чикаго ол старс боксерс“ да се боксираме против УСА вестерн Армијата, која постојано се натпреварува за Голден гловес и Нејшналс УСА. Чест и задоволство ми е да настапувам на вакви големи настани, а и да дадам надеж на децата во Македонија што имаат големи соништа“, изјави Гого за Ipon.mk.
На својот фејсбук статус тој напиша: „Боксот за македонските боксери не е умрен. Од улични таленти до шампионски води“.
ipon.mk/В.Д.