Во Мајами на Флорида се сретнаа двајца Македонци со големи остварувања во боречките спортови Горјан-Гого Славески и Александар Волкановски.
Волкановски се подготвува за повратничката борба за титулата на 12 април против Диего Лопез на УФЦ 314 во Мајами, Флорида.
Гого кој професионалните чекори во боксот ги направи во САД, а во БКФЦ, бокс со голи раце, освои шампионска титула, а последниот настап му беше во Карате комбат.
Гого на Фејсбук напиша: „Македонската сила обединета“!