Гого Славески доби елиминаторски меч за титулата во БКФЦ

Закажана е новата борба на Гого Славески во БКФЦ која има елиминаторски карактер за предизвикувач за титулата во категорија од 71 до 77 килограми.

Славески ќе се бори со Јосденис Цедено на 27 јануари на настанот БКФЦ 35 во Миртал Бич, Јужна Каролина.

Гого досега има четири победи. Последната победа ја забележа против Русинот Евгениј Курданов Славески со одлука на судиите во октомври. Претходно со нокаут ги победуваше Далас Дејвисон, Џастон Стил и Рамал Аманов.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО