Каратистот на Макпетрол и репрезентацијата на Македонија Стефан Стојановиќ гоиднава имаше извонредни постигнувања крунисани со бронзениот медал на Светското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, во категоријата над 84 килограми во млади сениори (У-21). Со овој резултатво избиорот за „Спортист на годината 2024“ е номиниран за „Млад спортист на годината“.
Резултати – Светско првенство за кадети, јуниори и У-21:
+84
Стефан Стојановиќ – Алишер Таижан (Казахстан) 1-0
Стефан Стојановиќ –Константин Ковуров (неутреален) 2-1
Стефан Стојановиќ – Етан Смол (Канада) 4-1
Стефан Стојановиќ – Матео Аванзини (Италија) 3-3
За бронза
Стефан Стојановиќ – Николаи Секот (Германија) 3-2
Листата на успеси на Стојановиќ е голема и тој еден од најуспешните млади спортисти во нашата земја.
Во неговата кариера има три светски медали – злато и сребро од Светски лиги во Пореч и Венеција, бронзен медал од официјалното Сетско првенство во Венеција. Долго време беше прв на Светска ранг-листа во У-21, цела година, по новите пресметки можеби е втор. Најуспшен млад спортист во историја на Македонија, има два светски медали, златен европски како јуниор, бронза на ЕП во У-21, притоа три пати бил 5 -то место на европските првенства и еднаш 5 -то место на Светски игри во Ријад.
Резултати во 2024 година:
На Меѓународениот турнир Гранд при Кроација во Самобор – Хрватска, сребрен медал во +84 кг во У-21;
Државно првенство за сениори во Скопје – златен медал во поединечна конкуренција и злато со кумите тимот на Макпетрол;
Светска младинска лига во Пореч, Хрватска – сребрен медал над 84 кг во У-21;
Европски универзитетски игри во Дебрецен-Мишколц, Унгарија, 5 место.
Куп на Македонија за кадети, јуниори и У-21 – златен медал, + 84 кг во У-21;
Балканско првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сараево, БиХ – бронзен медал, + 84 кг во У-21
Светска младинска лига во Венеција, Италија – златен медал, +84 кг во У-21.