Откако Џон Џонс, кон средината на ноември минатата година, го победи Стипе Миочиќ во главната борба на вечерта на настанот УФЦ 309 во Медисон сквер гарден и со тоа го одбрани појасот во „тешка категорија“, прашањето се најде на самиот врв на листата теми во ММА заедницата: „Кога „Боунс“ ќе се бори со Том Аспинал за титулата неоспорен шампион во тешка категорија“?
Оттогаш до денес, во обид да се одговори на тоа прашање, бројни неофицијални шпекулации кружеа во јавноста, а во последната епизода од таа сага, Чаел Сонен ја презеде главната улога.
Пензионираниот борец на УФЦ и поранешен предизвикувач за титулата (во средна и во полутешка категорија), а сега аналитичар и коментатор, јавно објави на почетокот на минатата недела со голема сигурност дека има информации оти борбата меѓу Џонс и Аспинал е договорена и дека сите детали се веќе познати, вклучувајќи ја локацијата и датумот на нејзиното одржување (настан на УФЦ 317 во Лас Вегас, 26 јуни).
Сепак, само еден ден подоцна, Сонен даде дијаметрално спротивно тврдење, во кое се вели дека Џонс наводно добил дополнителни шест месеци одмор од страна на УФЦ, и дека Аспинал ќе ја брани својата привремена титула против Сирил Гане.
На прес-конференција по неодамнешниот настан УФЦ Фајт најт во Канзас Сити, Дана Вајт, меѓу другото, ги коментираше гласините околу потенцијалниот меч за титулата во тешка категорија меѓу Џонс и Аспинал.
„Сè што слушате е глупост додека не го кажеме тоа“, шефот на УФЦ беше директен и додаде: „Го кажав тоа многу пати, тоа е борба што сакаме да ја направиме оваа година и сè уште сум супер уверен дека ќе се случи“.
Сепак, приказната сега доби ново продолжение, во режија на Дин Томас, поранешен борец на УФЦ, а сега аналитичар.
„Мислам дека го убедија Том Аспинал да се бори со Сирил Гане. Џон сака да собере што е можно повеќе информации за Аспинал. Навистина не сме го виделе во тешки времиња, не знаеме како реагира во тие ситуации. Џон сака да види уште неколку од неговите борби за да добие што е можно повеќе информации пред да се согласи на борба со Аспинал“, рече 48-годишниот Американец во интервју за Ред корнер ММА.
Din Thomas hints at Tom Aspinall vs Ciryl Gane as Jon Jones holds off waiting for more info before accepting the fight 👀🥊
"I think they convinced Tom Aspinall to fight Ciryl Gane. Jon wants to collect as much information on Tom Aspinall as possible. We haven’t really seen him… pic.twitter.com/LVvP8JKQXa
— Red Corner MMA (@RedCorner_MMA) April 29, 2025
Томас „де факто“ го потврди она што го кажа Сонен во својата последна изјава за Џонс, а тоа е дека на актуелниот шампион во тешка категорија му е дадено дополнително време за одмор и подготовка, додека промоцијата го „турка“ Аспинал во меч за одбрана на титулата со Гане. Дали е тоа навистина случај и кој на крајот ќе се бори со кого, треба да дознаеме во наредниот период.