Го уапсија Џаред Андерсон затоа што мавтал со пиштол додека бил во алкохолизирана состојба

Една од идните боксерски ѕвезди во тешка категорија, Џаред Андерсон, беше уапсен во понеделникот од властите во Охајо затоа што мавтал со огнено оружје додека бил во алкохолизирана состојба, објави Мајкл Бенсон.

Излегува дека боксерот возел под дејство на алкохол или дрога додека носел пиштол. При увидот морал да биде приведен од униформираните службеници.

Андерсон (23) би можел да ја загуби кариерата доколку мора да поминува време зад решетки. Згора на тоа, во моментот кога доби толкав замав што го делат дури на еден или два меча од борба за светската титула.

„Големото бебе“ има скор од 16 победи со 15 нокаути и без пораз. Тој во моментов е рангиран на 15 место од BoxRec и ја има титулата ВБО Интернационал и американскиот појас ВБЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON