Работата на судијата ни најмалку не е лесна, а уште еден доказ дека тие можат да се најдат во неблагодарни и неочекувани ситуации ни доаѓа од Нокаут промоушнс настанот кој се случи пред неколку дена во Гранд Рапидс.
На 54 настан на оваа промоција талентираниот борец Рисе Бринк (3-1) многу брзо го здрма, а потоа и го заврши својот противник Џо Нехм (1-3). Но, тогаш почнува вистинска драма и дезориентираниот Нехм започнува нов дуел, но овој пат со судијата кој успева да го замени со својот противник.
Имено, поразениот во овој дуел прво инстинктивно го собори, а потоа го фати од позади и почна со давењето на несреќниот судија.
Посериозни последици на крајот спречија службените лица и членови на тимот на Нехм.
.