Поранешниот шампион во суперлесна категорија на ВБО Жорж Бариос е повреден во Аргентина, откако бил избоден од еден човек.
Аргентинскиот боксер имал полесно повредени гради, десна рака и грб. Според сведоците, напаѓачот му пришол на Бариос, го прегрнал, а потоа го прободел неколку пати со нож, го ограбил и побегнал.
„Уживаше во музиката со семејството. Седеше и му пријде еден лик, го прегрна. Мислев дека тоа е пријателска прегратка, но потоа видов убод. Луѓето забележаа дека крвари и има неколку убоди на телото“, открива сестрата на Бариос.
Напаѓачот веднаш потоа бил уапсен и идентификуван, а станува збор за Рамон Енрике Икарди, кој сакал да му се одмазди на Бариос затоа што во 2010 година поминал на црвено со автомобил и го одземал животот на една 20-годишна бремена девојка.