Заврши мерењето за УФЦ 269 што ќе започне за 24 часа во Лас Вегас. Во главната борба ќе гледаме меч за титулата во лесна категорија меѓу Чарлс Оливеира и Дастин Пориер. На вагата бразилскиот шампион имаше 70,30 килограми, а Порие 70,08 кг.
Во коглавната борба двојната шампионка Аманда Нунес ја заложува титулата во петел категорија против Хулијана Пења. Аманда тежеше 61 килограм, а Пења 61,23.
За жал, една средба не успеа. Мет Шнел има медицински проблем и се повлече од средбата со Алекс Перез. Присила Кахоеира потфрли на вагата и ќе се раздели со 30% од хонорарот.
Мерење УФЦ 269:
Главна карта
Чарлс Оливеира (155 / 70,30 кг.) – Дастин Пориер (154,5 / 70,08 кг.)
Аманда Нунес (134,5 / 61,00 кг.) – Хулијана Пења (135 / 61,23 кг.)
Џеф Нил (170,5 / 77,33 кг.) – Сантијаго Понзинибио (169,5 / 76,88 кг.)
Каи Кара Франс (125 / 56,69 кг.) – Коди Гарбрант (126 / 57,15 кг.)
Раулијан Паива (135,5 / 61,46 кг.) – Шон О’Мели (135,5 / 61,46 кг)
Прелиминарни
Џош Емет (145,5) – Ден Иге (146)
Педро Мунхоз (135,5) – Доминик Круз (135)
Аугусто Сакаи (263,5) – Таи Туиваса (264)
Џордан Рајт (186) – Бруно Силва (186)
Рани прелиминарни
Ерик Андерс (185,5) – Андре Муниз (185,5)
Ерин Бланшфилд (125,5) – Миранда Маверик (125)
Рајан Хол (145,5) – Дарик Минер (146)
Ренди Коста (134,5) – Тони Кели (136)
Џилијан Робертсон (125) – Присила Кахоеира (129) **