Двократниот шампион на УФЦ, Жорж Сент Пјер, доби големо признание. Легендата на ММА е овековечена на статуа во неговиот роден град Сент Исидор, Канада.
Таа е во реална големина и го претставува борецот во стоечка позиција.
ЖСП позираше покрај неа на свеченото отворање и рече:
„Ова е супер. Оттука започна сè за мене и се надевам дека ова место ќе послужи како мотивација за новите генерации. Нека биде симбол на посветеност на младите со големи соништа во спортот“.
Имаше коментари дека лицето на статуата е многу слично на 44-от претседател на САД – Барак Обама. Последниот меч на Сент Пјер беше во 2017 година, кога го победи Мајкл Биспинг и стана шампион во средна категорија.