Го обвинија Тајсон Фјури дека штедел на храна за децата, а возел „ламборџини“ од 180.000 фунти.

Тајсон Фјури сам се довел во непријатна ситуација со серија од „приказни“ на својот Инстаграм каде тој и неговата сопруга Парис купувале храна за децата. Многумина на социјалните мрежи го обвинија дека е стиснат, а во исто време се луксузира со скап спортски автомобил.

Во кратките клипови, двајцата се прашуваат дали да платат 6,10 фунти за тегла течна чоколадна Нутела и кутија сладолед од Фереро Рошер од 5 фунти. Наместо тоа, тие се свртуваат кон многу поевтини опции за да набават слатки за нивните седум деца.

Во меѓувреме, „Џипси Кинг“ го покажа своето ново „ламбоџини урус“ од 180 илјади фунти, дури и го коментираше во серијата клипови за да го искористи како аргумент дека треба да го скратат семејниот буџет по автомобилот.

Потсетуваме дека светскиот шампион стана еден од најбогатите спортисти во светот по успесите над Владимир Кличко и Дионтеј Вајлдер, а потоа се соочи со Френсис Нгану во Саудиска Арабија за нов дебел хонорар. Во мај има меч за неприкосновената титула против Александар Усик, а без разлика на исходот, реванш меѓу нив ќе гледаме во Ријад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON