По повеќе од два месеца, во кои бевме сведоци на какви ли се гласини и шпекулации за тоа кој ќе биде противник на Федор Емилијаненко, конечно од Rizin се одоброволија да го објават.
Поранешниот шампион на PRIDE FC во тешка категорија, Федор Емилијаненко, своето враќање во мешаните боречки вештини (MMA) ќе го направи против кик бокс ветеранот Џаидеп Синг.
За првпат се проговори дека Емилијаненко ќе се сретне со Синг уште во октомври. И тогаш навивачите воопшто не беа ентузијасти, бидејќи Џаидеп Синг е речиси непознат во ММА круговите.
Овој дуел ќе биде првиот Емилијаненко од 2012 година, кога се повлече за кратко. Сега, тој има шанса да ги потсети сите за себе и да докаже дека се уште е во одлична форма, како што беше пред тоа, кога беше во цутот на младоста.
Настанот ќе се емитува на Spike TV на 31 декември.