Го направи нокаутот на годината во УФЦ и се врати на работа во аптека

Хоакин Бакли со феноменалниот нокаут над Импа Касанганај минатиот викенд на УФЦ настанот во Абу Даби, стана ММА ѕвезда преку ноќ. За нокауот заработи бонус од 50.000 долари, но по ѕвздените мигови веднаши се врати на редовната работа – во аптека.

Нокаутот на Бакли од свртување уште сега е прогласен за нокаут на годината и најспектакуларен во историјата на УФЦ, но 26-годишниот ММА борец не дозволува моментната слава да му го наруши секојдневниот ритам и се врати на вабота во синџирот аптеки Волгринс.

„Немав работа и само тренирав во сала и на отворено и поради тоа тренингот ми беше како работа. Но, потоа сфатив дека нема потреба толку многу да тренирам секој ден, дури осум часа посветував на тренинзите без ниту еден ден одмор. Тоа е трошење на телото, и затоа се додека можам да тренирам по два-три часа, добро е за мене. Поради тоа добив многу слободно време и сфатив дека можам и да заработувам“, вели Бакли.

ММА борецот не е продавач во аптека, туку има друга функција.

„Јас сум сменски раководител и ја предводам ноќната смена. Се грижам секој да остане среќен“, додава Бакли.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON