Можеби веќе малку ви здодеавме со нокаути овој викенд, но ова… Можно е веќе да го имаме нокаутот на годината, а режисер на ова ремек дело е бразилскиот борец Винисиус Оливеира.
Тој синоќа во прелиминарниот дел од настанот дебитираше во УФЦ против шведскиот Албанец и соборец на Хамзат Чимаев, Бернардо Сопај (исто така дебитант).
Откако Сопај беше подобар во првиот дел од борбата, Оливеира ги сврте работите во своја полза и доминираше во остатокот од мечот, а сето тоа го наплати пред самиот крај на овој меч.
Прво го затресе противникот, а потоа бесно се втурна кон него и веднаш го заспа со хируршки прецизно летечко колено. Со овој настап заработи два бонуси на ноќта: оној за настап (нокаут) и за борбата на вечерта, бидејќи речиси цели 15 минути овие двајца борци покажаа одличен настап внатре во кафезот на УФЦ Апекс.
my genuine reaction seeing that vinicius oliveira flying knee
pic.twitter.com/RBzwJbQQU2— Conner Burks (@connerburks) March 2, 2024
Видеото од нокаутот можете да го погледнете ТУКА.