Се одржа отворен тренинг за борбата за светската титула на ВБО во леснотешка категорија.
На 17 септември во Гдањск, Кристоф Гловацки (26-0, 16 КО) пред повеќе од 15.000 фанови по втор пат ќе го брани појасот против олимпискиот шампион Олександар Усик (9-0, 9 КО).
30-годишниот Полјак кој го освои појасот против Марко Хук, прват одбрана ја направи во април со поранешниот светски шампион Стив Канингем.
Украинецот (29 г.) последен пат се бореше во декември и со технички нокаут во седмата рунда го победи Педро Родригез од Куба.