Водечката кик бокс организација Глори ќе им се реваншира на сите фанови кои купиле ППГ за нивниот последен настан во Белгија. Пред една недела го видовме Глори 80, кој, за жал, мораше да се прекине.
За време на битката меѓу Бадр Хари и Аркадиуш Вжосек избувна масовна тепачка меѓу Полјаците и Мароканците. Во салата почнаа да летаат столици и секакви работи. За жал, борбата меѓу Хари и Вжосек беше прекината по втората рунда.
Глори се обиде да воведе ред, но не успеа и го прекина настанот. Многу фанови беа оштетени, бидејќи купија билети и платија гледање, но не ги видоа двете најинтересни средби. Глори ќе се реваншира со бесплатна гала вечер за сите на кои им е нанесена штета.
„Почитувани клиенти на Глори 80 на 19 март Глори 80 беше прекинат од луѓе кои покажаа опасно однесување. Глори остро ги осуди инцидентите што се случија таа вечер. Го разбираме вашето разочарување бидејќи не успеавте да ги гледате сите битки што требаше да се случат на Глори 80 .
Сакаме да ве информираме дека Глори закажа настан со борбена картичка од висока класа, која ќе биде достапна бесплатно за клиентите на Глори 80 кои купиле ППГ, како и оние кои гледале во живо. Датумот и деталите за настанот ќе бидат објавени во рок од една недела.
Секој клиент на ППГ и билети ќе добие бесплатен пристап за да го гледа настанот на GLORYFIGHT.com. Деталите за картичката и начинот на пристап до настанот, како и условите за користење ќе ви бидат испратени преку е-пошта во наредните недели.
Ви благодариме за вашата континуирана поддршка и со нетрпение очекуваме да ви ги претставиме највозбудливите битки во кик бокс во 2022 година“, изјавија од Глори.
Глори речиси сигурно ќе даде уште една шанса за битка помеѓу Џамал Бен Садик и Леви Ригтерс. Двајцата требаше да се пресметаат пред една недела во Белгија.