Глигор Стојанов утре вечер ќе се бори против Сејфулах Хабахадов на Елит фајт најт (ЕФН) 7 во Софија, Бугарија.
„Многу сакам да станам шампион. Ќе дадам се од себе. Ќе биде многу тешко. Во сабота е мој ден.
Ако го победам Чененецот, ќе имам уште една борба за појасот. Чеченецот е повеќекратен шампион на Европа. Тоа ќе биде тешка борба, како сите борби што ги правам. Искусен борец е, ама и јас сум добро подготвен и сигурен во мене“,изјави за Ipon.mk, струмичанецот Глигор Стојанов.
Тој ги повикува сите љубители на боречките вештини да дојдат во Софија и да го бодрат. Инаку Стојанов живее и тренира мај тај во Тајланд и е еден од најдобрите македонски борци.
ELITE FIGHT NIGHT 7 – МАЈ ТАЈ:
Турнир за учесник на Купот на кралот:
Глигор Стојанов – Швајцарија/ Македонија
Марсин Лепковски – Полска
Владимир Конски – Словачка
Сејфулах Хамбаходов – Чеченија
Ipon.mk/В.Д.