Дека спортските обврски не смеат да бидат препрека на мајките, докажува и следната фотографија која на својот Фејсбук профил ја постави Карла Монталдо, акитивистка за доење.
Имено, на фотогрфаијата се ноѓа спортистка која на Олимписките игри го дои своето малечко.
Монталдо на фотогрфијата напиша:„Моментално на Олимписките игри. Прекрасно“.
Фотогрфаијата само од нејзиниот профил е споделена над 6.000 пати.