Еден од најпознатите исконски борци во историјата на ММА, 40-годишниот Русин Федор Емилијаненко потпишал договор со Белатор. Оваа информација се уште не е потврдена, но е од извор близок на борецот.
Најверојатниот противник на Федор е 38-годишниот Американец Мет Митрион. Датумот и местото се уште не се наведени.
Во последното појавување на рингот Емилијаненко го победи Фабио Малдонадо со спорна одлука на судиите.