Откако каратето влезе во најтесна конкуренција за иден спорт на Олимписките игри 2020 во Токио, Јапонија, почна да се организира гласање во светот меѓу љубителите на спортот кој спорт сакаат да се најде на Олимпијадата. IPON.MK ја почнува акцијата „ГЛАСАМ ЗА“.
Акцијата ја продолжуваме со првиот сениорски шампион од Европското првенство во 2011 година во Цирих, Швајцарија, во борби, НАТАША ИЛИЕВСКА.
„Многубројните каратисти ширум светот, според квалитетот, бројноста и вложувањата, повеќе од сигурно заслужуваат да бидат дел од oлимпиското семејство. Огромна желба ми беше да учествувам и да освојам медал на ОИ. И знам и верував дека го можам тоа, но, за жал, не ја добив таа шанса. Затоа ГЛАСАМ ЗА, каратето да биде дел од ОИ за да не им се уништи сонот на останатите каратисти кои вистински го заслужуваат тоа“.
Гласајте за каратето на Олимпсиките игри 2020 тука http://community.ispo.com/welche-sportart-sollte-2020-olympisch-werden/view-poll/9d07e51b81dea6eefe218a6e2d4a9972
ipon.mk/В.Д.