Ѓоргија Стојанов е избран за спортски директор на Џудо федерацијата на Македонија!

Џудо федерацијата на Македонија (ЏФМ) го избра Ѓоргија Стојанов за нов спортски директор на Федерацијата.

Стојанов е избран за директор на ЏФМ по распишан конкурс.

Стојанов е тренер на ЏК Дрим од Струга, а неговата работа се рефлектира со успехот на младите џудисти од клубот

„Сакам да се заблагодарам на претседателот на ЏФМ, Владимир Трпаноски и Извршниот одбор на ЏФМ за укажаната доверба. Ќе се трудам максимално за да го унапредам џудо спортот“, изјави Стојанов!

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON