Ѓоргиев и Илиоски тргнаа со победи на Светското првенство, Гроздановски украден, Тодоров поразен

Марко Тодоров не се пласира во полуфиналето на Светското кик бокс првенство за сениори во Џесоло Лидо, Италија, отако загуби Тијаго Сантос од Португалија. Затоа, пак нашата најголема надеж за медал, Димитар Ѓоргиев, ја помина првата препрека Давид Дано од Италија со прекин, а за полуфинале ќе се бори против Србинот Милош Даковиќ. Бобан Илисоки со прекин во втората рунда славеше против Бартл од Словачка.

Илиоски во наредната борбра се среќава со Србинот Александар Менковиќ за полуфинале.

Денеска настапи и Климент Гриздановски кој загуби со поделена одлука на судиите од Греманецот Сами Јакоб. Селекторот Дејан Митровски не информира дека на една секунда до крајот на Грозановски му е украден поен, а со тоа и победата.

Од нашиот табор велат дека Тодоров имал добар настап во првата и третата рунда, но во втората противникот бил подобар.

Остануваат настапите на Димита Ѓоргиев, Бобан Илиоски и Викторија Варадинова.

На Светското првенство учетсвуваат 1418 кикбоксери со 1593 натпреварувачки влезови од 69 држави.

Резултати – СП:
Лоу кик
-65 кг Викторија Варадинова – Валетина Кери (Србија)
-57 кг Филип Ризов – Ала Атарбек Гурбуџан (Турција) 0-3
-63,5 кг Роберт Костовски – Темирлан Бекмуразаев (РКТ) 0-3

-81 кг Димитар Ѓоргиев – Давид Дано (Италија) 3-0
-81 кг Димитар Ѓоргиев – Милош Даковиќ (Србија)

Кик лајт
-84 кг Климент Грозданоски – Сами Јакоб (Германија) 1-2
+94 кг Стефан Михајловски – Јаспер Виндлер (Германија) 0-3

К-1
-63,5 кг Марко Тодоров – Бадр Јабали (Израел) 2-1
-63,5 кг Марко Тодоров – Тијаго Сантос (Португалија) пораз
-86 кг Бобан Илиоски – Адријан Бартл (Словачка) 0-3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON