Гилермо Рогондо – Џон Казимиро ќе се борат за обединување на светските титули

Светскиот шампион на ВБО, Џон Риел Казимеро, следниот викенд (15-ти август) ќе го брани појасот против поранешниот двократен светски шампион и актуелен освојувач на ВБА појасот, Гилермо Ригондо.

Средбата ќе се одржи во раните утрински часови во неделата (по македонско време) во Калифорнија, САД.

Четириесетгодишниот редовен шампион на ВБА од Куба и 31-годишниот шампион на ВБО од Филипините требаше да се сретнат во почетокот на годината, но разговорите меѓу двата штаба пропаднаа, бидејќи можноста за борба помеѓу Казимеро и неговиот сонародник Нонито Донаир исплива на површина.

Двајцата Филипинци требаше да се сретнат во меч за обединување на светските титули, но по уште еден неуспех во преговорите, Ригондо се врати на борбаната карта и ја замени „Филипинскиот молња“.

Казимеро не се борел од септември 2020 година, кога го победи Дјук Мика од Гана. Од друга страна, Ригондо не влезе во рингот од февруари 2020 година, кога го победи Либорио Солис од Венецуела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON