Германците Јоханес и Маршал одржаа семинар во Нинџуцу клубот Битола (ФОТО/ВИДЕО)

NK bitola seminar demonstracija

Во Битола за велигденските празници се одржа семинар за боречки вештини во соработка на Нинџуцу клубот Битола со академијата Муних (Минхен) MMA од Германија.

Nk Bitola seminar

„Семинарот беше одржан се со цел да се поврзе НК Битола со светски призната Академија за бразилско џиу џицу основана од бразилскиот ас Серџо, кој е ученик на познатата фамилија Грејси, поточно на Карлсон Грејси. Семинарот го водеа главниот инструктор на Муних MMA, Бенедикт Јоханес и неговиот асистент Јакоб Маршал. Станува збор за двајца искусни натпреварувачи во спортско џиу џицу и ММА. Бенедикт е професионален ММА борец со максимален учинок во професионалните ММА борби во Германија“, велат од НК Битола.

NK Bitola seminar demonstracija 2

Тој е носител на германското признание за борец на годината во ФФА лигата. Има преку 200 граплинг борби во „ги“ и во „но ги“ и е носител на кафеав појас во бразилско џиу џицу. На последните европски шампионати во Минхен и Лисабон е апсолутен првак. Исто така и Јакоб има освоено повеќе турнири во Австрија и е првак во „ги“ и „но ги“, второ место на европскиот шампионат во Минхен и аматерски ММА борец.

NK Bitola seminar borba

Соработката на Нинџуцу клуб Битола и Муних MMA наскоро ќе продолжи во Германија, каде што инструкторот на НК Битола, Сашко Мирчевски, ќе тренира и ќе  учествува на повеќе турнири за бразилско џиу џицу, заедно со пријателите од Муних MMA.

Ipon.mk/В. Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON