Најдобриот македонски спортист за минатата година, таеквондистот Дејан Георгиевски, остана без медал на Светското првенство (СП) во Гвадалахара, Мексико.
Тој успешно стартуваше, но во вториот настап неочекувано загуби од кинескиот натпреварувач Жаоксианг Сонг со 2-0 во рунди. Претходно, тој стартуваше со триумф над Колумбиецот Валтер Салдаријага со 8-5 (2-0) во категоријата за потешки од 87 килограми.
Георгиевски водеше занимлива и динамична борба, но Кинезот беше малку поагресивен и победи.
Георгиевски освои сребрен медал на ланскиот ЛОИ во Токио, но не успеа да повтори барем сличен успех на собирот на најдобрите во Гвадалахара.
Така, Филип Додевски оставри најдобар пласман на СП пласирајќи се на петтото место.
Резултати СП:
-87 кг
Филип Додевски – Еласби Суфиане (Мароко) 2-1
Филип Додевски – Ахмад Рави (Египет) 2-0 (7-4)
Филип Додевски – Никита Рафалович (Узбекистан) 0-2
-62 кг
Мила Рељиќ – Тончанг (Тајланд) 2-0
Мила Рељиќ – Петра Столбова (Чешка) 0-2
+87 кг
Дејан Георгиевски – Валтер Салдаријага (Колумбија) 8-5 (2-0)
Дејан Георгиевски – Жаоксианг Сонг (Кина) 0-2