Генадиј Головкин уште еднаш изрази желба за меч против светскиот шампион во средна категорија на ВБЦ, Саул Алварез.
„Секако дека сакам да се борам против Саул. Да, знам дека секој сака да го гледа овој меч. Сепак, тој е одличен боксер. Покрај тоа, тој издржа цели 12 рунди против Флојд Мејведер. Мислам дека во моментов тој е многу подобар боксер отколку што беше тогаш“.