Боксерската ѕвезда Генадиј Головкин е фан на ММА и УФЦ.
Казахстаенцот во интервју за ТВ Фајтхаб рече дека тој израснал со многу пријатели борачи кои го носеле со нив во сала кога бил помлад.
„Да, јас се борев“.
„Многу од моите пријатели се бореа. И јас тренирав борење пет или седум години. Само малку, за тренинг. Едноставно ќе одтидев со моите пријатели во салата и малку ќе вежбав граплниг, се борев. Сакам џудо, сакам граплин и џиу џицу“.
Како боксер кој го цени борење, не изненадува изборот за најомилен ММА борец.
„Каин Веласкез. Тој е и добар ударач. Тоа е многу компактен. Силен. Многу е паметен. Тој е добар борец. Тој е воин“.
33-годишниот боксер му се восхитуваат и на поранешната шампионка Ронда Русеј и вели дека таа не би била добар тренинг партнер за него.
„Ронда е премногу силна за мене“, вели тој со насмевка.
Со обѕир на врвниот бокс и искуството во борење беше неизбежно прашањето дали ќе се обиде во ММА.
„Можеби“, рече Головкин.
ГГГ следниот пат влегува во рингот на 23 април во Инглвуд, Калифорнија, против Доминика Вејд.