Генади Головкин му одржа час по бокс на Роналдо (ВИДЕО)

Светскиот шампион во средна категорија Генади Головкин се сретна со фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо. Двајцата заедно поминаа некое време и разменија неколку приказни за овој спорт.

Головкин му покажа неколку трикови во боксот на Роналдо, кој возврти со иста мерка за фудбалот. Кристијано веќе има 35 години, но сепак продолжува да настапува на високо ниво и е познат како еден од најтрудољубувите во овој спорт.

Од друга страна, Генади има 38 години и има само 1 пораз во кариерата. Тој загуби од Канело Алварез во 2018 година. Неговата статистика во рингот е 40-1-1 и тој се враќа да ги брани титулите против Камил Шеремета.

Погледнете го видео од средбата на двајцата спортисти кои се легенди во своите спортови.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON