Џастин Гејџи го „предаде“ својот појас како преоден шампион во лесна категорија при соочувањето со Хабиб Нурмагомедов пред УФЦ 254 на „Островот на борбите“ во Абу Даби во сабота, јасно покажувајќи дека го сака вистинскиот појас на Дагестанецот.
Иако соочувањето помина со доста почит од страна на двајцата борци, а Дана Вајт најави дека очекува рекордна гледаност на пресметката, Гејџи при фотографирањето реши да се ослободи од појасот.
Ова не е првпат „Хајлајт“ да покаже дека преодниот појас не му значи многу, бидејќи веднаш по победата над Тони Фергусон во мај, иако тоа беше негова прва титула од дебито во УФЦ во 2017, го предаде, велејќи дека ќе го почека „вистинскиот појас“.