Џастин Гејџи (22-2, 5-2 УФЦ) ја освои привремената титула во лесна категорија на УФЦ.
Во главната борба на УФЦ 249 заради пандемијата на коронавирусот одржан без гледачи во Џексонвил, Флорида, тој го победи Тони Фергусон (25-4, 15-2 УФЦ) со технички нокаут во 5-тата рунда и ја прекина неговата низа од12-победи.
По првата рунда во која Гејџи беше малку подобар и во која борбата се одвиваше исклучиво на нозе, поранешен шампион на ВСОФ и во втората правеше предност која траеше се до последната секунда кога и двајцата задаваат аперкати, а Фергусон го соборува со одлична десница.
Во средината на третата рунда Гејџи два задни десни директи го здрма сега веќе добро раскврвавениот Фергусон и го доби и овој дел од борбата.
Во среде на четвртата Фергусон играше на тенок мраз, откако Гејџи го погоди со десно кроше.
Во петтата рунда целосна доминација на Гејџи. Исцрпениот Фергусон кој доби безброј удари се најде на работ на нокаутот неколку пати пред Херб Дин да го прекине мечот по 3 и пол минути од последната рунда.
Гејџи во следниот меч би требало да се бори против шампионот Хабиб Нурмагомедов.
Фергусон ја освои привремената титула во октомври 2017 година и му беше одземена пред да влезе во борба со Русинот кој беше откажана неверојатни пет пати. Борбата пак беше закажана, но бидејќи Нурмагомедов не можеше да излегува од Русија, УФЦ организираше меч за привремената титула.
Иако не се бореше речиси 4 години и беше поразен е во последниот настап поранешниот владар во бантам Доминик Круз (22-3, 5-2 УФЦ) доби можност да си ја врати титулата.
Но, тој не успеа во тоа, затоа што олимпискиот победник во борење, Хенри Сехудо (16-2, 10-2 УФЦ) го совлада во одбрана на појасот со технички нокаут на две секунди пред крајот на втората рунда.
Откако Круз промаши со аперкат, 33-годишниот Сехудо сериозно го затресе една година постариот „Доминатор“ со удар со колено во главата, а потоа со удари во партер го натера судијата да ја прекине борбата. Круз се пожали дека прекинот дошол прерано. На техничкиот нокаут му претходеше судир со главите во кој бранителот на титулата заработи исеченица.
Сехудо по победата најави пензионирање.
УФЦ 249:
Џастин Гејџи – Тони Фергусон (ТКО, Р5)
Хенри Сехудо – Доминик Круз (ТКО, Р2)
Френсис Нгану – Жаирзињо Розенструик (КО, Р1)
Калвин Катар – Џереми Стивенс (КО, Р2)
Грег Харди – Јорган Де Кастро (едногласна одлука на судиите; 30:27, 30:27, 30; 27)
Ентони Петис – Доналд Цероне (едногласна одлука на судиите; 29:28, 29:28, 29:28)
Алексеј Олејник – Фабрицио Вердум (поделена одлука на судиите; 29-28, 28-29, 29-28)
Карла Еспарза – Мишел Ватерсон (поделена одлука на судиите; 27-30, 29-28, 30-27)
Висенте Луке – Нико Прајс (ТКО, Р3)
Брис Мичел – Чарлс Роза (едногласна одлука на судиите; 30-25, 30-25, 20-24)
Рајан Спанф – Сем Алвеј (поделена одлука на судиите; 29-28, 29-28, 28-29)
https://youtu.be/E5teoRJqXXQ