Гејџи и Чендлер во иста болничка соба

Џастин Гејџи и Мајкл Чендлер, кои оваа година ја приредија една од најинтригантните и најспектакуларните борби во УФЦ, се покажаа како одлични спортисти. Иако го дадоа максимумот во нивната пресметка минатиот викенд и го раскрвавија октагонот во мечот кој беше одреден како Топ 5 во во историјата на лесна категорија, тие двајцата покажаа голема почит еден кон друг.

Гејџи и Чендлер објавија фотографија на која делат соба во болницата по нивната крвава пресметка. Тие се пренесени во поликлиника и не учествуваа на традиционалната прес-конференција за проверка на нивната состојба. Прекуокеанските медиуми објавија дека двајцата сакале да бидат во заедничка просторија додека ги чекаат резултатите од нивното истражување.

Гејџи му оддаде голема почит на Чендлер, опишувајќи го како вистински воин. Според него, двајцата требало да се родат неколку века порано и да се сретнат во Колосеумот во битка до смрт.

„Тој е вистински воин и живееме со него во погрешна ера. Јас и Чендлер треба да се бориме до смрт во Колосеумот“, изјави Џастин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON