Гејбл Стивенсон доби отказ од НФЛ тимот

Олимпискиот шампион во борење слободен стил во Токио 2020 година, Гејбл Стивенсон е ослободен од фудбалскиот тим Бафало Билс. Веста ја објави НФЛ нетворк.

Борачот се приклучи на тимот на НФЛ на почетокот на 2024 година без никакво фудбалско искуство, по стапките на поранешниот шампион на УФЦ Брок Леснар, кој исто така се обиде да направи транзиција од борење во фудбал. Леснар исто така не се снајде најдобро во овој спорт, а потоа се префрли на ММА.

Како и Леснар, Стивенсон учествуваше и во настапи во борење. Американецот е и двократен колеџ шампион на својата татковина во најелитната дивизија (НЦАА дивизија 1). Дипломецот на колеџот во Минесота има само 24 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО