Утре се одржува големиот Меѓународен турнир „Гази Баба опен 2015“ во организација на КК Тигар од Скопје. Се очекува да учествуваат околу 500 натпреварувачи од Македонија, Словенија, Романија, Бугарија, Албанија, Косово, Србија, Украина, Црна Гора, а можно е учество и на Босна и Херцеговина.
Натпреварите ќе се одржат во ОУ„Наум Наумовски – Борче“ во населабата Методија Андонов – Ченто со почеток во 10:15 часот, во неколку конкуренции, односно од деца до јуниори до 21 година.
Благој Атансов вели дека се е подготвено и дека натпреварите може да почне и дека точниот број на учесници ќе се знае утре, затоа што уште се пријавуваат натпреварувачите.
ipon.mk/В.Д.