Били Џо Сандерс и Вили Монро Јуниор утре во Лондон се борат за титулата во полутешка категорија, односно Монро ја брани. Битолчанецот Сашо Гарабиљевиќ е познаник со Монро, а нашиот боксер Гого Славески имаше еднонеделни подготовки и спаринзи со него.
Еве ги нивните мислења, што би се рекло до прва рака, за борбата со Сандерс.
„Јас му давам преднос на Монро. Многу е поквалитетен и во топ форма е. Само не знам што ќе се случи со судиите, да не има местенки, бидејќи мечот е во Лондон, односно Бил е на домашен терен“, вели Гарабиљевиќ.
„Мислам дека движењето на Монро е доведено до перфекција за да ја добие борбата на поени. Но, доколку Сандрес затвора агли како Головкин, Вили ќе нема шанса за премногу тактизирање. Иако е многу брз, Сандерс е удирач. Борбата е во Лондон, така што шансите да победи Сандерс се големи. Сепак, ќе видиме“, истакнува Славески.
Ipon.mk/В.Д.