Габриел Сапта чест гостин на ЏК Работнички (ФОТО)

Џудо мајсторот Габриел Сапта кој е ангажиран од Македонскиот олмписки комитет и Џудо федерацијата на Македонија за подобрување на кавлитетот на џудо спортот во Македонија ги посетува клубовите и ја проценува состојбата на квалитетот.

По два пати во неделата е во ЏК Работнички каде што доаѓаат џудисти и од другите скопски клубови, како Ипон и Миоки. Засега се работи на подигање на кондицијата и силата.

„Сапта се уште ги селектира натпреварувачите во нашите клубови од пионери до сениори, а потоа со избраните ќе работи почесто. Тој ги презнтира и новите правила според ИОК, а работиме и техники на напад. Габриел се труди да ја подобри работата со раце кока е слабост на џудо спортот во Македонија, бидејќи кај нас претежно се работи со нога“, вели првиот човек на Работнички, Ердал Факиќ.

Според него, Сапта активно работи на селектирање на натпреварувачите за Европското и Светското првенство.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON