Фуриозен старт на новата сезона за ЏК Дрим, освои 22 медали во еден викенд на два турнири.
Викендов Дрим настапи на меѓународните турнири „Дробета куп“ во Романија со 6 џудисти и освои 3 медали, а на „Аминдео” со 19 џудисти, притоа сите се закитија со медали.
Со медали се закитија:
На Аминдео
1.Сергеј Блажески 3-то место
2.Ајлин Бајрамоска 3-то место
3.Мелани Јакуповска 1-во место
4.Ненад Костоски 3-то место
5.Џан Џемаилоски 1-во место
6.Ѓорѓи Јулоски 1-во место
7.Божидар Коцев 1-во место
8.Ивона Мојсова 1-во место
9.Михаил Недески 3-то место
10.Еда Салоски 1-во место
11.Лука Трца 3-то место
12.Енил Ајдиноски 2-ро место
13.Мунир Ајдиноски 3-то место
14.Матеј Димитроски 3-то место
15.Елеонора Јосифоска 1-во место
16.Катерина Клењоска 3-то место
17.Софија Ноческа 3-то место
18.Дарио Стојанов 3-то место
19.Мила Стојанова 3-то место
На Дробета куп
1.Анамарија Стојмиловска 1-во место
2.Амар Бајрамоски 3-то место
3.Давид Спироски 3-то место
„Со ваквиот вообичаен резултат на нашите џудисти, кој за нас постанува редовност, докажуваат дека џудо спортот во Струга е на највисоко ниво, со тоа што претставуваме еден од најуспешните спортски колективи кои редовно го оправдува својот врвен квалитет“, велат од клубот.