Во средината на мај Aлександaр Усик го победи Тајсон Фјури во меч за апсолутен шампион во тешка категорија.
Двајца од актуелните најдобри светски тешкаши ќе се сретнат повторно на 21 декември, но овојпат тоа нема да биде во меч за апсолутен шампион.
Тоа беше прв пораз за британскиот боксер, но наскоро ќе има можност да му возврати на непоразениот Украинец. Многумина шпекулираа дека Кралот на Ромите не се подготвил добро за тој дуел.
Во едно неодамнешно интервју Фјури се осврна на истата тема, отфрлајќи ги сите шпекулации и повторувајќи дека подготовките пред првиот меч се одвивале по беспрекорен режим.
Усик ќе ги брани шампионските појаси на ВБА (Супер), ВБО и ВБЦ во тешка категорија во Ријад арената.
Во таа прилика Британецот со поделена одлука го доживеа првиот пораз во кариерата од Украинецот, а многумина шпекулираа дека има проблем со нарушени подготовки.
„Без изговори. Имав фантастичен тренинг камп. Никогаш не реков дека имам проблеми во кампот, а немав. Слушнав многу глупости дека имам проблеми при подготовката, но ништо од тоа не е вистина. Моите подготовки во тренинг кампот беа фантастични“,- изјави Тајсон Фјури и продолжи:
„Усик ме победи фер и ја има мојата поддршка. Не разбирам зошто луѓето треба да бараат изговор, како да ја изгубив борбата, затоа што готвачот не го подготви јадењето што го побарав. Тој ја доби борбата и тука е крајот. Нема што повеќе да се каже. Без оправдување, имав фантастичен тренинг камп. И двајцата бевме фантастични на тој меч. Чесно стигна до резултатот и повеќе не се зборува. И јас направив се како што треба, но тој победи. Крај“.
Усик ќе ги брани шампионските појаси на ВБА (Супер), ВБО и ВБЦ во тешка категорија против Фјури во Ријад арената.