Френсис Нгану во пресрет на новата борба: Ќе го нокаутирам Џошуа, полесно се соборува од Фјури

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Френсис Нгану е полн со самодоверба пред новиот боксерски меч што го договори против Ентони Џошуа.

Камерунскиот боксер се враќа во рингот на 8 март на настан во Ријад и се надева дека по Фјури ќе му направи уште една неволја на вистински боксер.

Имено, Нгану ги воодушеви љубителите на боксот со својот настап во октомври минатата година против Тајсон Фјури, а особено за паметење е третата рунда кога Џипси Кинг заврши во нокдаун.

На крајот Фјури победи со поделена одлука, но Френсис ги освои сите симпатии на навивачите. Камерунецот се надеваше на уште една голема борба и ја доби минатата недела.

Нгану верува дека ќе излезе како победник од мечот против Џошуа.

„Најверојатно ќе го нокаутирам Ентони Џошуа. Мислам дека е полесно да се собори од Фјури. Тој е силен и многу тврд борец, но ќе му биде потешко да стане отколку Фјури“, изјави Френсис Нгану и истакна дека Ото Валин не претставувал голема закана за Еј Џеј на последниот меч пред две недели:

„Џошуа изгледаше неверојатно во таа борба. Тој си ја заврши работата правилно. Беше брз и многу остар. Противникот не знаеше да му одговори, а мислам дека го имам, тоа ќе го почувствува веднаш во рингот и нема да му биде удобно. За миг се ќе му се смени. Нема само да стојам и да гледам. По неколку мои бомби, тој ќе внимава што прави“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON