Шампионот на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану, првпат на почетокот на следната година ја брани титулата освоена против Стипе Миочиќ во март.
Камерунскиот напаѓач ќе се бори со Французинот Сирил Гане на 22 јануари на настанот УФЦ 270 во Анахајм.
Подготовките за тој судир стануваат се поинтензивни, а доказ за тоа е Нгану, кој моментално тренира во Лас Вегас со шампионот на Глори, Рико Верховен.
Имено, Френсис многу добро знае дека неговиот поранешен клупски колега и спаринг партнер Сирил Гане е технички многу добар во тајландскиот бокс.
Рико ќе тренира со Френсис неколку дена за подобро да го подготви за можните изненадувања кои му се закануваат на француско-камерунскиот борец.
Тренерот на Френсис, Ерик Никсик, рече дека шампионот на Глори ќе биде во нивниот камп најмалку една недела и доколку е потребно ќе го продолжи престојот во Лас Вегас.