Френсис Нгану се среќава со Розенструик во март

Враќањето на УФЦ во Охајо ќе биде обележано со многу јака борба.

Френсис Нгану и Жаирзињо Розенструик се договорија на меч на УФЦ Фајт најт на 28 март во Колумбос.

Неколку извори објавија дека постои усмен договор, вклучително и ЕСПН.

Нагану со нетрпение ја чека шансата да се врати во акција, откако се пропадна за многу очекуваниот шампионски дуел, затоа што се подготвува трилогијата меѓу Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер во 2020 години.

Наместо да е без борба, Нгану е принуден да избере друг противник, а ќе го видиме во март. Мајсторот на нокаутите забележа три директни победи, вклучувајќи ги и поранешните шампиони Каин Веласкез и Жуниор дош Сантос.

Во меѓувреме Розенструик сè уште нема пораз и има перфектна статистика од 10-0, вклучително и 4 нокаути во УФЦ. Во неговиот последен меч го нокаутира Алистер Оверем на неколку секунди пред крајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON