Френсис Нгану сака борба против Вајлдер: Во ММА еден човек би имал неверојатна предност

Френсис Нгану неодамна повтори дека сака боксерски меч против поранешниот шампион на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер.

Камерунскиот боксер има две борби зад себе, тој дебитираше против Тајсон Фјури минатата година и беше доста добар, но Џипси Кинг на крајот победи со поделена одлука.

Помалку беше успешен на почетокот на годината во мечот против Ентони Џошуа, кој во втората рунда го совлада со брутален нокаут.

А пред тие натпревари, Нгану беше поврзуван со Бронзениот бомбардер. Беше кажано дека двајцата ќе имаат две борби, едната во бокс, а другата во ММА.

Борбата Нгану-Вајлдер никогаш не се случи, бидејќи Американецот се фокусираше на својата боксерска кариера.

Сепак, неговата форма е во опаѓање во последно време, загуби од Џозеф Паркер со едногласна одлука, а потоа доживеа нокаут против Жилеј Жанг.

Сега останува на Вајлдер да одлучи дали ќе ја продолжи кариерата или ќе се пензионира, но борбата со Нгану му нуди шанса за големи пари, особено ако Саудијците решат да бидат домаќини на натпреварот.

Камерунскиот удирач се надева дека Вајлдер сè уште има желба за борба и не би имал ништо против конфронтација во рингот.

„Би сакал да боксирам против него. Не се залажувајте, во боксот и двајцата имаме шанса, бидејќи ако борбата беше во ММА тогаш еден човек ќе имаше неверојатна предност. Ниту една борба не е премногу лесна, но тој меч не би имал смисла“, изјави Френсис Нгану.

Но, Камерунецот ќе дебитира во ПФЛ на 19 октомври кога ќе се бори против Бразилецот Ренан Фереира на настан во Ријад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON