Френсис Нгану првин би се борел со Тајсон Фјури отколу со Џон Џонс

Борбата за титулата во тешка категорија помеѓу Френсис Нгану и Сирил Гане го води настанот УФЦ 270 што ќе се одржи во Анахајм во недела рано наутро по средноевропско време.

Ова ќе биде прва одбрана на појасот на Френсис, која ја доби во март минатата година со победата против Стипе Миочиќ.

За Камерунецот ова ќе биде последна борба според актуелниот договор со УФЦ, а доколку победи, соработката со најголемата светска ММА промоција автоматски ќе биде продолжена.

Но, неизвесно е дали Франеис ќе се согласи со условите од новиот договор. Покрај повисокиот хонорар во новиот договор, Предатор сака и член што би му овозможил влез во боксерскиот ринг.

„Им кажав дека сакам да боксирам и ако сакам да го вклучам УФЦ во тоа, ќе биде многу поголемо со нив“, изјави неодамна Френсис Нгану, нагласувајќи дека би сакал да боксира против Тајсон Фјури или Дионтеј Вајлдер.

Деновиве тој се прашува кој би сакал да му биде противник во следната борба – Џон Џонс или Тајсон Фјури.

„Би избрал да се борам со Тајсон Фјури. По борбата со Стипе се зборуваше за меч против Џонс. Тоа не се случи и имам чувство дека никој не се грижи. Никој не знае што планира Џонс, па дефинитивно сум за мечот против Фјури“, изјави Френсис Нгану и додаде:

„Сите знаат дека од детството сакав да бидам боксер. А потоа влегов во ММА и сум одличен во тоа. Но, сепак сакам да боксирам. Дефинитивно сакам да го направам ова пред да ја завршам кариерата“.

Камерунецот малку го закачи и шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.

„Некои знаат да ги потценат ММА борците, па велат дека Фјури лесно ќе ме победи. Но, има и такви кои тврдат дека можам да победам или барем дека мечот ќе биде неизвесен“, истакнува Френсис Нгану и додава дека тоа може да го покаже само пресметка во боксерскиот ринг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON