Френсис Нгану почна да тренира за боксерското деби

Френсис Нгану почна напорно да се подготвува за боксерското деби.

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија се пофали дека второто поглавје од неговата кариера е во добар тек. 36-годишниот борец од Камерун се раздели со УФЦ во јануари годинава. Френсис ја ослободи титулата бидејќи сака да се посвети на боксот.

Дана Вајт откри дека му понудил на Нгану 8 милиони долари за да се бори со Џон Џонс. Блиските на Нгану рекоа дека тој одбил затоа што бил загрижен дека може да загуби, што ќе влијае на неговите акции на отворениот пазар.

Тоа сега е историја и Френсис се концентрира на боксот. Дионтеј Вајлдер неодамна го предизвика на две борби, едната во бокс, а другата во ММА. Френсис го прифати овој предизвик, но не се знае дали ќе се случи.

Предаторот е мета на многу ММА организации како и на БКФЦ. Останува да видиме кога и против кого ќе го видиме боксерското деби на Нгану.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Francis Ngannou (@francisngannou)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON