Френсис Нгану ја освои титулата во тешка категорија на УФЦ минатиот викенд на УФЦ 260, што за него значи многу повеќе од шампионскиот појас што го доби.
Нгану го победи Миочиќ со нокаут во втората рунда од главниот настан на УФЦ 260. Предаторот покажа големи подобрувања во својата борба откако беше поразен од Миочиќ во 2018 година.
Доаѓајќи од екстремна сиромаштија во Камерун и минувајќи низ многу тешкотии, мигрирајќи во Европа, Нгану официјално им се обрати на фановите за последната победа.
Here we are. CHAMP 👑
Finally got a hold of the belt & this is going to be for a while.
This right here is more than a belt, but a symbol of hope and dedication, it shows how far you can go if you believe in you and doesn't matter how far behind you are, doesn't matter how many pic.twitter.com/QSwNn4cuvL— Francis Ngannou (@francis_ngannou) March 29, 2021
„Еве не. Шампиони. Конечно ја зедов титулата и ќе ја чувам некое време.
Ова тука е многу повеќе од шампионски појас. Тоа е симбол на надеж и посветеност. Тоа покажува колку далеку можете да стигнете ако верувате во себе и не е важно каде сте, не е важно колку препреки имате пред вас (верувајте ми, тие можат да бидат безброј), можете да ги надминете и оствари ја својата цел, затоа што единствените граници се оние што си ги наметнуваш на себе си и ништо друго“.
Нгану за време на прес-конференцијата по УФЦ 260 откри дека има намера да го изложи шампионскиот појас некаде во Камерун за да ги инспирира локалните деца.
„Сакам да ви се заблагодарам (на навивачите, на моето семејство и сл.) Со од се срце што ми помогнавте да го остварам овој сон, дури и кога се чувствував истоштено, што ме мотивиравте кога бев уморен и ме притискавте да продолжам кога блокирав. Ова сите заедно го постигнавме. Благодарност до Стипе Миочиќ што беше голем шампион и ќе бидеш, секогаш ќе ми биде чест да го споделам октагонот со вас“.
Засега е непознато со што му пртестои на Нгану. Се чини дека ќе ја направи првата одбрана против Џон Џонс, но се чини дека парите што ги сака „Коски“ не се малку и така ја доведува во прашање нивната битка.
Претседателот на УФЦ, Дана Вајт изјави дека е сосема можно да има реванш меѓу Нгану и Дерик Луис, како следна битка.